What do you think?


Злосторство и вазна
Можно ли е совршено злосторство? Прашање кое го поставиле многу криминални умови, многу детективи, но и многу аналитичари, писатели и критичари. Оваа драма се занимава со случајното злосторство во едно навидум среќно, а длабоко во својата суштина дисфункционално семејство. Со сите современи прашања и дилеми кои го мачат современиот човек „Злосторство и вазна“ се обидува да одговори на ова прашање преку низа случајности и низа испреплетени настани. Преку имаголошки рефлексии и конструкцијата на Другиот, туѓинецот кој незабележително се камуфлира, a е одговорен за целата динамика се разнишува лажната хармонија. Преку постмодернистички реминисценции и алузии на дела од познати класични автори, вечните прашања и дилеми се рефлектираат во модерното општество со сите негови предности и недостатоци.
28 pages, Paperback
Published January 1, 2016
About the author
Ѓургица Костадиновска
4 books14 followersАвтор е на книгите:
„Сказните на романтичните патници“, лирски раскази, електронско издание на Creative Commons, 2010 година
„Тајните на пештерата“, роман за деца, ДАТА Песнопој – Битола, 2012 година
„Злосторство и вазна“, драмско дело Култ – Транзен 2016 година
„Сказните на романтичните патници“, лирски раскази, електронско издание на Creative Commons, 2010 година
„Тајните на пештерата“, роман за деца, ДАТА Песнопој – Битола, 2012 година
„Злосторство и вазна“, драмско дело Култ – Транзен 2016 година
Ratings & Reviews
Friends & Following
Create a free account to discover what your friends think of this book!
Community Reviews
Displaying 1 - 1 of 1 review
September 11, 2023
Уште откако го прочитав насловот на драмата, знаев дека ќе е привлечно за читање и не погрешив. Кратка и концизна, авторката успеала со малку да каже многу, отсликувајќи една општествена реалност што на нашето поднебје е отсекогаш актуелна: потрагата по подобар живот, без разлика што тоа точно значи: дали материјално задоволство, или пак внатрешна исполнетост. Дополнително, вметнувањето на елементот на метафикција само ја зачинува постмодернистичката нишка на драмата, и дава плус задоволство при читањето на текстот. Единствена замерка е што со ваква амбициозна премиса, од оваа драма на триесетина страници можело да излезе и прекрасен роман. Како и да е, солидно 4/5.
Displaying 1 - 1 of 1 review


