Ретки се тие книги што уште од самиот пролог ти продираат до срце, те зграпчуваат како челична канџа од емоции и просто не ти дозволуваат да ја оставиш книгата. Премногу се ретки, да, но овде имаме една токму таква книга.
„Ќерката на дрвосечачот“ започнува во едно македонско село, пред повеќе од 30 години. Дана е сираче, нејзиниот татко дрвосечач загинува во шумска незгода, а од преголема љубов кон него и тага за неговата смрт, по само еден месец умира и нејзината мајка. Па така од нејзиното прекрасно семејство полно со љубов, останува само малата Дана, со вечно скршено срце. Грижата за неа ја презема семејството на братот на татко ѝ, но чичко ѝ и стрина ѝ си имаат свои три деца, свои грижи за гледање, па повеќе ја третираат како слугинка дома и само гледаат да приграбат сè што можат од наследството што ѝ е останато. Дана е прекрасен лик; кротка, мила, послушна, покорна, вредна и пргава – таа не зуцнува дури ни кога тие практично ја продаваат на еден богат пар во Скопје, за да им биде домашна помошничка. Ги голта солзите во себе, а однадвор и понатаму останува силна и истрајна.
„Ќерката на дрвосечачот“ е книга која раскажува за мајчинската љубов, за женската издржливост, за човечката злоба, за горчливоста на судбините.
Солидна прва книга. Прекрасни ликови, потресна приказна со носталгична нишка. Би сакала да беше малку подолга за некои работи да бида поразработени. Едвај чекам да видам што следно ќе напише Наде, верувам дека стилот континуирано ќе се надоградува и секако ќе читам што друго и да напише.
Ја почнав со прилично високи очекувања со оглед на тоа што добив позитивен фидбек од другарка - Читачиште и изострен нос за добра книга. И не ме разочара дефинитивно. Не сакам да се повторувам со оглед на тоа што очигледно е општото мислење дека Наде создала прекрасно четиво.
Но, морав и лично да си го искажам моето. Приказната е тажна, горко-лирска, сочувствителна и нежна. Генерално одбегнувам претажни приказни поради лесното запаѓање на авторите во патетика, но тоа не беше овој случај. Напротив. Тоа е она што најмногу ми се допадна. Речениците беа убави, стилот питок, течен и емпатски, не само што не можиш да не се поврзиш со ликот на Дана, не можиш и да не сочувствуваш. Ликовите убаво дефинирани. Иако раскажувањето е лесно, со дискретна простодушност, сепак е на ниво и да бидам искрена во целото доживување да не беа имињата на ликовите и описи кои се однесуваат конкретно на наше минато време, не добивав впечаток дека читам четиво на македонски автор( Да не се разбереме погрешно, имам скромно читачко искуство на наши автори и генерално разочарувачко).
Се на се, убава, нежна, емотивна и одлично исткаана приказна.
Ќерката на дрвосечачот е тажна, срцепарателна книга од која не се одделив неколку часа. Ја вброив во моите омилени, а сите што ме познаваат знаат дека мразам тажни книги. Книгата го опишува животот на Дана, детето кое предвреме пораснува на налетот на судбината. Дана е лик кој е тешко да не го засакаш, таа е скромна, срамежлива и добра личност која се бори со животот и колку тој да е тежок таа застанува на нозе одново и одново. Во неколку интервјуа на писателката Nade Stojilkovic слушнав и прочитав дека Дана е инспирирана од вистинска личност, се надевам дека е жива и здрава и ја чита книгата. Се надевам дека е добро и ги доживеала сите радости и среќни моменти кои животот претходно и ги има украдено. Дана е јас, Дана си ти што го читаш ова, Дана е касиерката во маркетот, Дана е жената зад шалтерот, Дана е силата во секоја од нас. Наде на еден суптилен, ненаметлив начин ме врати во детството, иако за разлика од на Дана, моето беше среќно. Се присетив на распадот на бивша Југославија, на раѓањето на нашава земја. Таа извлече липот од мене и знам со сигурност нејзиниот лик Дана ќе остане долго во моето сеќавање.
Prekrasna narativna drama raskazana preku peroto na mojata dobra prijatelka.Delo koe te mami si sekoj zbor ,delo koe te vlece se podlaboko i podlaboko da navleguvash vo zivotot na Dana.Iako grutkata so neisplaceni solzi dlaboko ti se vkotvuva vo grloto , vo dushata i ti odi da viknes od petni zili na cel glas.."aman zivote do koga" , nemirot da se doceka toj sreken kraj i mirot na napatenata dusha te vlece se podlaboko vo prikaznata.. Ubavina
Сè уште сум под импресии од книгава. Ме воодушеви! Животната приказна на Дана е толку добро опишана што ме натера да помислам дека и во реалноста многу девојки и жени се соочуваат со овие проблеми, а за жал, не секоја има среќен крај. Книга која дефинитивно е вредна за да ја имате во својата домашна библиотека. ❤
Потресна приказна за еден тажен живот. Ми се допадна стилот на пишување, едноставен, читлив, непретенциозен. Одамна не сум прочитала нешто толку едноставно, а сепак убаво. Се надевам дека авторката ќе продолжи да пишува и да објавува свои дела понатаму.
Тежок, трнлив пат на животот на Дана од нејзино детство ќе биде главен белег во оваа книга. Имено, Дана е девојче сирак. Најпрвин ќе ја чува чичко Живко, а подоцна ќе биде продадена за пари на луѓе во Скопје. Свое и туѓо дете не може на ист начин и со исти очи да се гледаат.
Каков ќе биде животот на Дана понатаму? Дали тоа девојче што животот преку ноќ ќе го натера да созреа ќе научи да не ги повторува грешки од минатото? Колку ќе успеа самата да излезе од тој пекол на мачење и да започне сосем нов поубав, поинаков живот од минатото што ќе ја прати како сенка?
Ех, сите сме понекогаш Дана во душите, коишто и покрај безброј пречки продолживме да одиме со исправена глава со мисла за подобро утре за нас самите.
Како за прва книга добра е, но имаше многу тажни моменти кои не беа убаво доловени. Тажно, да, а не ти доаѓа да се расплачеш. Целата таа фрка околу Дана ми се допадна, убаво осмислена приказна, но сепак фалеше нешто... можеби баш тоа, читав тажна животна судбина а не пуштив ниту една солза.
Прекрасна приказна за Дана, принцезата на тато! И по сите трагедии, тешкотии Наде не учи да бидеме храбри и ја изнајдеме силината во длабочината на душата... Наде ни покажува како да бидеме милозливи, дарежливи и полни со разбирање за себе и за своите грешки, како и за слабостите на блиските...
Емоционален разказ за драматичната съдба на Дана- рано останала сираче, прогонена от роднини, преживяла толкова нещас��ия, но никога не загубила доброто си сърца и добрата си дума за хората. Много ми хареса стилът на авторката, втора книга ми е на македонски език- прочетох я за два дни, вървеше ми много лесно, а беше разказана майсторски. Браво! ***** Емотивен расказ за животот на Дана- со сета болка, тага, радост и вистинските емоции на реалноста. Баш убаво напишана и раскажана историја.
„Секој мора да го изоди својот пат, потрнлив или порамен, не е важно... Секој мора..."
„Не сакам да ме сакаш цела вечност,
сакај ме само дел од вечноста,
онолку колку што трае твојот живот...".
Прекрасна срцепарателна приказна за една храбра и напатена девојка по име Дана која на плеќи мислиш ја носи тежината на цел свет... Приказна која ќе ја препачете и ќе го преживеете сето тоа што Дана го преживеа исто како тоа да ви се случува вам..Уште една преубава приказна на нашата драга Nade Stojilkovic која ќе го заплени вашето срце и ќе ве натера да читате со кнедла во грлото , тага во душата се до последната страница.Браво драга Наде❤️❤️❤️Светско, а наше.❤️❤️❤️
Приказна за една преубава и прекрасна, мила и кротка девојка Дана која ненадејно останува без двајцата родители..Татко и девосечачот загинува ви несреќа сечејќи дрвја , а мајка и умира од тага после еден месец од смртта на татко и.. Дана останува во куќата на својот чичко, но чичко и има и свои три деца и Дана ја третираат како сугинка во нивната куќа. Чичко и го зграбува цел имот од татко и и Дана буквално ја продава во Скопје кај една богата фамилија за да им биде слугинка и да ги гледа нивните деца.. Со тага во душата Дана го прифаќа предлогот надевајќи се дека се ќе биде добро и дека ќе се школува.. Но некогаш не е се така како што изгледа.Баш кога ќе мисли дека нејзините проблеми исчезнале, ќе се појават нови проблеми кои ќе ви го скршат срцето и ќе ви ја ранат вашата душа...Истовремено ќе почувствувате и бес, лутина,гнев и ќе сакате да им наплатите на тие што ја повредиле Дана на било кој начин почнувајќи од чичко и...
"Требаше да се живее со тоа. А како да се живее со нешто што ти ја раскинува душата, ти ја парчосува, ти го одзема здивот, не ти дава да дишеш, ниту да гледаш, ниту да чувствуваш било што друго освен болка и тага, тага и чемер. И повторно болка и тага, тага и чемер, и ништо друго."
Приказна за неправдата,човековата злоба,судбината,мајчината љубов, приказна за љубовта и пожртвуваноста, женската издржливост.. Се чита во еден здив и не се испушта од раце...Книга која долго ќе остане врежана во вашите сеќавања и никогаш нема да ја заборавите.. Понекогаш животот ни задава такви удари од кои никако не можеме да се опоравиме..Но никогаш не треба да се предадеме без оглед на се, туку секогаш треба храбро да се соочиме со проблемите и да чекориме низ патот наречен живот надевајќи се за подобро утре...❤️
Прочитана во еден здив! ❤ Книга која од првата страница ми разбуди такви најдлабоко зариени, низ годините скриени емоции... Уметнички извезаните судбини на ликовите ме соживеа со секој од нив, во одредени сегменти се пронајдов себе си во истите, во други почувстував емпатија кон нив. Нити заматениот вид што од читање без пауза, што од надразнетост од плачење, не ми попречија да ја завршам за неколку часа, буквално во еден здив. Nade Stojilkovic ти благодарам што го создаде ова ремек дело. Како голем вљубеник на пишаниот збор, иако не сум стручно лице од образование, сметам дека оваа книга треба,мора да стане лектира во средно образование!
Прекрасна книга, која ме врати години назад, годините на моето детство. Браво за Наде, очекувам следниот пат да го надмини и овој успех кој го живее во моментот раскажувајќи за Дана.
Kje naj začnem. Zelo zelo predvidljiva zgodba. Osebne tragedije so tako nelogične, da so brez pomena. O naključjih, da sploh ne govorim. Stil pisanja je zelo amaterski.
Ne sum prva, ama znam ni posledna sto ke go spodeli voodusevuvanjeto od knigava. Sakam knigi sto ne me ostavaat da gi ispustam od race do kraj. Prekrasna, topla, lesno citliva i ubavo sklopena prikazna, sto go zasluziva vaseto vnimanie. Posle site trileri, ljubovni i istoriski knigi, prikaznata za Dana mi dojde kako melem. Bravo Nade ❤️
Очекував многу од книгава покрај сите добри оценки, а добив еден тон негативна енергија. Не ми се допадна едноставно и искрено, многу патетика многу страдање многу тага гнев горчина. Па зошто мора една македонска приказна да биде секогаш толку полна со негативности? Зошто мора секоја судбина да е толку тешка? Книгава ми беше типична шпанска серија. Јас не сакам книги од овој тип. Тоа е тоа.
Тажна и многу нереална приказна! Вакви сцени има само во мексикански серии, таа останува сираче, експлоатирана е, силувана, раѓа дете, дава дете на посвојување, среќно го наоѓа тоа дете што го дaла, човекот што ja силува завршува како пијаница! На кратко, тоа е тоа! Добро позната шема за нискобуџетни мексикански серии!