Викторија и Филип работат како дизајнери во конкурентски фирми за изработка на мебел. Одеднаш, судбината или случајноста си поигруваат со нив, па во истата недела двајцата добиваат наредба од нивните шефови „да се зближат“ со конкурентскиот дизајнер и да ги украдат скиците за претстојниот саем за мебел, бидејќи тоа е најважниот настан и период за сите фирми за мебел во државата.
Немајќи друг избор, тие неволно се согласуваат затоа што не сакаат да ја изгубат работата. Така започнуваат да се гледаат и двајцата размислуваат за начини како да го спроведат планот и да дојдат до целта. Но помеѓу нив почнува да се раѓа нешто сосема друго…
Во меѓувреме, сестрата на најдобрата пријателка на Викторија случајно дознава за планот и бидејќи не е во добри односи со својата постара сестра, решава да не дозволи тој да остане во тајност. Конците почнуваат да се замрсуваат и работите стануваат сè покомплицирани кога во оваа нечесна игра влегуваат куп емоции.
Убав стил на пишување, изградени ликови, интересна приказна, но добив впечаток дека недостасува информација за локацијата, градот во кој се одвива дејствието. Убаво ќе беше Скопје да се спомнеше со впечатливи описи и урбани прикази за него.
Лесна, убава книга, која добро ја отсликува кокуренцијата во бизнис секторот и не чесните игри кои се играат за да се победи конкуренцијата, со посебен осврт на "големината" на сопствениците над работниците и нивната манипулација и "маѓу редови" искажани закани за задржување на работното место. За жал, добро позната ситуација на сите нас. Но моралните вредност на чесниот работник се над се, иако двигател на тоа во книгата е вистинската љубов. Ви ја препорачуам. Ќе уживате.
Дали Викторија и Филип успешно ќе ја завршат задачата поставена од нивните шефови? Што ако во тоа нивно зближување се роди љубов? Дали двајцата ќе ги издржат сите пречки на патот во име на љубовта?