Jump to ratings and reviews
Rate this book

Доилката

Rate this book
Роман, кој од првата до последната страница ве обзема со раскошна леснотија на читањето, бидејќи, приказната што ни ја раскажува Лилјана Пандева, иако ставена во историски рамки и открива непознати детали од македонската историја (40 денови од потрагата по кралот Пребонд) е возбудлива, полнокрвна, поетична, со прозрачни лирски пасажи, јазично слоевита и со нагласена драмска тензија, која длабоко нурнува во просторите на писателовата имагинација. Со романот Доилката, кој слободно може да се нарече химна на љубовта и страста, Пандева веќе е врвот на македонското раскажувачко мајсторство.

160 pages, Paperback

Published January 1, 2016

Loading...
Loading...

About the author

Лилјана Пандева

8 books4 followers

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
20 (55%)
4 stars
8 (22%)
3 stars
6 (16%)
2 stars
2 (5%)
1 star
0 (0%)
Displaying 1 - 6 of 6 reviews
Profile Image for Kikiland.
52 reviews5 followers
October 31, 2019
Интересна градација на настаните има романов кој кулминира со трагедија, која на крајот потсетува на кратовската легенда на Рада и градењето на Радин мост (судбината на Рада). Лилјана одбрала тема која не е својствена за македонски писател, тоа така ми се издвои, или пак јас не сум читала досега бар ваква тематика. Ми се допадна што писателката користи архаични зборови подзаборавени од нашето поднебје.
Profile Image for Jasmina Bocheska.
83 reviews1 follower
January 6, 2023
Доилката - Лилјана Пандева

Една книга не се вреднува според бројот на страници. И една таква книга е токму оваа. Мала со само 155 страници, а толку возвишена.
Кога ја завршив оваа книга поточно денес 😊, размислував дали да ги споделам веднаш со Вас впечатоците мои или да почекам да ,, налегнат " убаво.
Но,колку времето поминува, толку потешки мисли ми надоаѓаат, ме опкружуваат, ми велат ајде сподели не. Да, ова е книга која те наведува на размислување. Да се потрудиме да го пронајдеме тоа малку што ни е најзначајно во животот и да дозволиме да бидеме исполнети со тие чувства. Да, тоа е љубовта. Љубовта помеѓу маж и жена, љубовта на жената кон своите чеда. Дали чеда по пород или чеда по доење.

Опишана е љубовта на рихинскиот кнез што се вика Пребонд и доилката Дора. Последните четириесет дена.
Доилката Дора и двете чеда која таа ќе ги израсне благодарение на нејзиното тело, на нејзините гради, на нејзиното млеко, на нејзиното мајчинство, остварено, но не задржано. Нејзината борба и нејзината загуба.

Се трудам да пронајдам зборови како да го опишам ова чувство кое тлее во мене и сега, а тлееше и додека ја читав оваа приказна. Но, едно сфатив оваа љубов треба да биде прочитана и доживеана и сите сетила да Ви бидат разбудени и да Ве размрдаат. Малку е тоа што можам јас да го кажам, во ова мое кратко споделување.
Profile Image for Aleksandra Stojanoska.
107 reviews7 followers
July 8, 2026
Ова не е книга, ова се читириесет дена патување низ лирските страници на Лилјана за Пребонд и доилката Дора.

Четириесет дена бегство.
Четириесет дена криење.
Четириесет дена жртвување.
Четириесет дена преживување.
Четириесет дена запознавање на вистинските чувства.
Четириесет дена во кои гладот, стравот и неизвесноста одат покрај надежта, нежноста и љубова.

А четириесет не случаен број.
Четириесет дена трае потопот.
Четириесет години трае патувањето низ пустината.
Четириесет дена е искушението пред преобразбата.
И во овие четириесет дена се случува токму тоа, време во кое не се менува светот, туку се менува човекот во светот.

А вие читатели, додека ги читате овие страници ќе поминете низ приказна што мириса на вода, сол, трски, страв, надеж, љубов и мајчино млеко.

А Лилјана, Лилјана создала приказна меѓу историјата и митот, времето и вечноста,, човекот како што би бил и каков што може да стане. Приказна која се движи низ вашата душа, љубов која се јавува како изгрејсонце, избор кој те остварува во она што сакаш да бидеш.
И откако ќе ја затворите последната страница, сфаќате дека не сте поминале четириесет дена со Пребонд и Дора, сте поминале четириесет дена со поинаква верзија од себе си.

Совршена книга!
Profile Image for Perica Ilievski.
185 reviews9 followers
February 8, 2026
Некои книги ги читаш.
Некои книги те читаат тебе.

„Доилката“ од Лилјана Пандева ме фати неспремeн. Почнав без очекувања… а завршив воодушевен.

Несекојдневна љубовна приказна, раскажана со стил што буквално везе – реченица по реченица, емоција по емоција. Пандева не пишува, Пандева ткае атмосфера. Те внесува тивко, а те остава со тежина во градите.

📖 Најголема препорака!
Profile Image for Ana.
57 reviews5 followers
May 9, 2020
Мала, но моќна книга, краток осврт на четириесетдневната потрага по кнезот Пребонд. Раскажана преку тајните средби на кнезот и доилката. Нешто што почнало како обврска за криење на бегалец, прераснало во нешто повеќе од тоа. Низ целата приказна провејува еротската тензија и развојот на љубовта меѓу маж и жена кои во други услови никогаш не би се сретнале, камоли да има нешто повеќе. Можеби тоа што знаеле дека нивното нема иднина ако ги фатат, а знаеле дека ќе бидат откриени, придонесе за тензијата која провејува низ целата приказна. Трагедијата секако беше неизбежна, дотолку поболна со откривањето на долго чуваната тајна.
Displaying 1 - 6 of 6 reviews