„Што си се заљубила баш во мене?“ , ќе ја прашав јас понекогаш. „Мислиш дека не си за сакање?“, ќе одговореше таа самоуверено. Ќе ја наведнев главата и ќе се насмеев. Тогаш не можев да признаам, но сега сум сигурен дека беше убаво да се има некој во животот кој веруваше во мене. Некој кој веруваше во мојата способност да љубам, во моето лице, во мојата душа, во моите очи, во мојата насмевка, во моите солзи.