Jump to ratings and reviews
Rate this book

Светот што го избрав

Rate this book
Романот ја раскажува приказната за трансформацијата на Леона, чие чувство за себе и сопствениот идентитет се менува низ контактот со луѓето и просторите: подрумот во кој се вселува, состанарите и околниот двор, членовите на одборот за наставни програми, канцеларијата за состаноци, барот…

На почетокот од романот протагонистката, по дваесет години живот со своето семејство, се соочува со нова ситуација, без стан, без работа, без пари, со привремен ангажман. Новите околности и луѓето што ги запознава кај неа поттикнуваат сеќавања, интроспекција, анализа на своите и на туѓите постапки, изнаоѓање на причините зад нив.

122 pages, Paperback

First published January 1, 2024

21 people want to read

About the author

Калина Малеска

11 books5 followers

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
14 (36%)
4 stars
11 (28%)
3 stars
8 (21%)
2 stars
5 (13%)
1 star
0 (0%)
Displaying 1 - 9 of 9 reviews
Profile Image for Anchi.
415 reviews93 followers
Read
March 20, 2025
Дали изборите што ги правиме нѐ дефинираат, класифицираат, нѐ оковуваат во одредени рамки? Дали е во ред да ги перципираме стриктно како правилни или погрешни, или можеби како можности кои ни дозволуваат да учиме и созреваме, со сите свои последици?

Тоа што за некој е вистина, правилно, прифатливо, вредно, друга личност може поинаку да го толкува. И тоа е во ред, во ред е што не може сите да сме по ист калап, во ред е што не секогаш ќе се согласуваме и поддржуваме. Најважно е секому да дозволиме да направи свој избор, да не го попречуваме да си изгради свој свет, затоа што секој човек е комплексен свет за себе. Но бидејќи начинот на кој ние ги перципираме другите светови и начинот на кој тие нѐ перципираат нас често открива заблуди, илузија, непоклопување, тогаш што можеме да направиме во тој случај? Можеме само да го оставиме другиот да управува со својот свет, а нам најпаметно ни е да живееме и да постапуваме како што мислиме дека треба во нашиот.

Книгата е уштен еден финалист за Роман на годината. Ми се допадна, но ми фалеа малку повеќе страни. Исто така ми пречеше што никаде не се спомнува дали главниот лик, Леона, има морална дилема поради тоа што се заљубува во маж кој е во брак, не знам дали е тоа за да ѝ се даде поинаква димензија дека не е совршена како лик или скроз е превидено ова. И општо тоа заљубување е од нигде никаде, избрзано ептен, да не речам ко трето одделенска симпатија, па не ми беше убедливо. Најмногу ми се допадна што на крај не дозволи никој да ја расколеба и сѐ уште не сум одлучила за кој сметам дека е посветена последната реченица.
Profile Image for Златко Стојковски.
85 reviews13 followers
March 19, 2025
Ова е еден краток, концизен роман за кој најмногу ме плашеше дека може да забега во феминистички патетики, но за среќа остана на иста патека од почеток до крај. И многу ми се допадна! Тоа е приказна за изборот, или подобро за сите избори кои ги правиме, од кои еден - изборот на себеси пред светот, нормите, „нормалното“ (...) иако може да изгледа неумесен, несоодветен и да изгледа како да води кон пропаст, ултимативно води кон вешто осмислената последна реченица на Малеска:

Дека те запознав и те избрав тебе - овој свет, овие луѓе, ова дете. Дека не заборавам секоја ноќ да те погалам пред заспивање.

Ова можеби личи на отворен крај, но според мене - не е, и намерата не била таа. Зашто не е важно кој бил изборот кој го направила Леона. Важно е што на крај тој избор и донел таква среќа.

Ова е еден навистина убав роман, прекрасно и навистина умешно напишан, во кој делува како ни еден збор да не е одвишок, се е одмерено, концизно, кратко. За ваков текст сметам дека е потребна писателска зрелост каква Малеска несомнено поседува (иако, за жал, за мене ова е прв прочитан нејзин текст, но секако нема да остане последен). Немам прочитано многу од романите од 2024 година, а од тоа што имам, ми делуваше како година со послаба книжевна продукција. Но „Светот што го избрав“ сметам дека заслужено ја доби наградата „Роман на годината“, зашто е зрел и особено силен текст кој секој човек треба да го прочита. И да се избере себеси.
Profile Image for Јордан Kocevski).
Author 10 books147 followers
Read
September 2, 2025
Оваа ми е прва прочитана книга од Калина и на самиот почеток ме освои со првиот параграф.
Ми се допадна обработената тема и како ѝ беше пристапено од повеќе аспекти (случки/ настани) што ми овозможи подобро да ја доживеам неодлучноста на Леона. Сцените од минатото и интеракцијата со луѓето од сегашноста (посебно онаа кратката со сопругот) зборуваа за комплексноста на главниот лик, за длабочината на нејзините рани и последиците врз неа сега.
Иако доживував некаква промена кај главниот лик, но и се присутни то двоумење, сепак крајот ме остави со чувство на недовршеност, затоа што дел од проблемите/ прашањата кои беа начнати не беа одговорени, и покрај тоа што имаше промена кај Леона.
Profile Image for Kristina ☆.
174 reviews63 followers
July 10, 2025
Ми се допадна темата, не ми се допадна како беше изведена. Нешто недостасуваше, дали повеќе страни, дали поизразена длабочина, не знам.
Profile Image for Aleksandra Stojanoska.
61 reviews5 followers
January 29, 2026
“Си поставив себеси стапица за да се заштитам од своите стравови.“
“Постоев, во еден друг затворен, ограничен свет.“
“Како може да се живее ако се нема свет за живеење.“

Книгава носи чувство на заплетканост во процесот на саморазбирање и самоизразување. Преобразбите низ животот, емоциите што не се наши или не ги разбираме, како и неможноста да се гледа сè во целост, се многу специфични аспекти од искуството на човечкото постоење. Тоа е чувство на губење контрола над своите емоции или размислувања.
Светот не е секогаш логичен, и честопати се случува да се чувствуваме заглавени во некои ситуации каде што не можеме целосно да го разбереме контекстот или мотивите на другите. Но, оваа приказна е приказна за храброста, за самопреобразувањето, за тоа како се променуваме со текот на времето и како се прилагодуваме и стануваме похрабри од тоа што сме.
“Раскажана гласно, мојата приказна се здобива со поинаков контекст, ме претставува похрабра отколку што сум била“

Ви ја препорачувам👍
Profile Image for Марија Андреева.
Author 1 book101 followers
November 29, 2025
Интересен лик, интересна приказна, се чита на едно седнување, а има некоја специфична бавност и меланхолија, но на начин што прави да се чувствувате како дел од тој свет.
Profile Image for Biljana Bogdanovska.
186 reviews3 followers
March 25, 2025
Мало книжуле, но одличен роман. Прогласен за Роман на годината во 2025 година. Ми се допадна темата - една интроспекција на жена, која со единствените заштедени пари може да купи делче од куќа, во Црниче, Скопје, но со таа купопродажба таа си обезбедува место каде може да си биде своја. Собата е подрумска, со куп гуми од автомобили и дрва во ќошот, но е нејзина. Не ги кажува причините зошто заминала од својот сопруг, затоа што книжето е посветено на моментот кога веќе е донесена одлука, па сега се живее со „последиците“. Последици лоши нема, иако овој збор секогаш ја има таа негативна конотација. На еден многу човечки начин, раскажува за деновите потоа, за помошта од една вечна пријателка, која секогаш ѝ се наоѓа во животот, за учеството во една комисија кога треба да ги донесе новите образовни програми, на чело со корумпирана претседателка. Мислите, желбите, потребите, привлечноста, одбивноста кои ги чувствува кон ликовите кои ги среќава...
Најмногу ми се допадна искреноста во нејзините размислувања, всушност она што секогаш нѐ мачи - личностите од кои не можеме да избегаме, затоа што се крвно поврзани со нас. Овојпат - тетката. Нејзините сурови забелешки што ги слушала како дете, одѕвонуваат во нејзината грала, при секое нејзино размислување. Колку само траги оставаат тие зборови на „воспитување“ додека сме биле мали, па и далечината не може да ни ги избрише од сеќавање. Напротив, токму тие зборови што и тогаш се коселе со нашите размислувања, а сега веќе и со право, сепак се првите што ни паѓаат на памет, при секоја одлука, дали нешто да направиме или не. Мислите ни се затруени со зборовите на некои што само имале храброст гласно да ги изречат и да ги повторуваат при секоја прилика, додека длабоко во нас не се врежале. А секако, различно гледиште од нивното, ниту сакаат да слушнат, ниту некогаш би прифатиле. Прочитајте ја „Светот што го избрав“ и изберете си го вашиот!
Profile Image for Fredrik Heby.
54 reviews1 follower
January 25, 2026
The story is good with a nice societal criticism. However, the English is really bad and full of mistakes. This book should have been translated by a native English speaker.
Displaying 1 - 9 of 9 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.