Jump to ratings and reviews
Rate this book

Ќерката на математичарот

Rate this book

370 pages, Paperback

First published January 1, 2013

6 people are currently reading
122 people want to read

About the author

Венко Андоновски

28 books87 followers
Раскажувач, романсиер, драмски автор, поет, есеист, критичар, книжевен теоретичар. Роден е во Куманово на 30 мај 1964 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филолошки науки. Професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1990 година.
Автор е на книгите: Нежното срце на варварот (поезија, 1986), Квартот на лиричарите (раскази, 1989), Фрески и гротески (раскази, 1993), Азбука на непослушните (роман, 1993), Текстовни процеси (есеи, 1996), Ѕвоната на Матош (студија, 1996), Структурата на македонскиот реалистички роман (студија, 1997), Три драми - Словенски ковчег, Бунт во домот за старци, Адска машина (1998), Дешифрирања (2000), Папокот на светот (2001).
Добитник на наградите: „Рациново признание“, прва награда за роман на издавачот „Зумпрес“ - Скопје, награда за најдобар драмски текст на Македонските театарски игри „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, награда „Роман на годината“ и награда „Балканика“.

Венко Андоновски бил уредник на Блесок Проза

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
66 (51%)
4 stars
35 (27%)
3 stars
20 (15%)
2 stars
6 (4%)
1 star
1 (<1%)
Displaying 1 - 10 of 10 reviews
Profile Image for Димитар Димоски.
Author 2 books39 followers
January 31, 2015
Уште од почеток да напоменам: оценката од 4 ѕвезди се однесува само на големата книга. Ако ја оценував заедно со малата, ќе требаше да дадам една ѕвезда, а душа не ме држи, не особено на Венко.
Венко уште на почеток се оградува и не презема одговорност за она што ќе се случи, напоменувајќи дека неговите ликови ја пишуваат книгата.
И да, Ќерката на математичарот е солидно дело, Андоновски се препознава во многу страници, но исто така и се повторува. Преминувам преку тоа затоа што ликовите и сами велат дека биле во претходните книги, во ред. До пола читање книгата и не ја сфаќам толку сериозно како Папокот или Вештица. И тоа ми е некако прифатливо, возбудливо, ја дочитувам во еден здив.

После ја земам малата книга, 33,33 и се изнамачив додека ја прочитав.
Господине Венко (или Ема Пил), сакав да ви пратам меил на таа ваша адреса alvalva1212 и да ја искажам својата исфрустрираност околку вашата мала книга. Дали воопшто ви беше потребна таа книга, зашто и без неа, Ќерката на математичарот совршено ќе функционираше. Што сте сакале да постигнете со приказната за Тоше? Не мислите ли, дека сепак тоа е повеќе или помалку еден маркетинг трик со цел да ја продадете книгата на пошироката читателска публика? Или сепак сакавте само да му оддадете почит, иако тоа го направивте на многу лош начин.

Ќе прашате зошто на лош, еве ќе ви објаснам. Во вашите претходни дела, Папокот и Вештица, религијата е во форма на најголема уметност, впрочем, нели и самиот Бог е најголемиот уметник некогаш, но во книгата 33,33 на кој начин ја презентирате религијата? На оние брошури кои ги носат Јеховини сведоци од Стражарска кула, односот меѓу човекот и религијата е само исполнет хамер од исечени цитати слушнати и видени милион пати досега. Мене, како читател, ме отепаа клишеа од почеток до крај. Ако сакав да се удавам во клишеа, јас немаше да го читам Венко туку ќе земев некоја книга од Коста Петров или брошура од Константин Кајшаров. Во моментов ми текнува дека авторот на 33,33 можеби не е уредникот Венко или извесна Ема Пил, туку лик исплоден од имагинацијата на Коста "Сакав-да-бидам-Трамп" Петров и дотичниот пастор Константин "Тино-истерувач на ѓаволи" Кајшаров.
Но одбивам да верувам во ова и овде ќе престанам. Простете ако бев дрзок.
п.с. Оној Темниот што го споменувате во малата книга, на кого се мисли? Еднаш го имам видено Марјан Стојаноски во подочњаци, и му беа доволно темни па помислив на него. Не сум многу упатен во македонската естрада, простете.
Profile Image for Anchi.
410 reviews93 followers
Read
July 10, 2020
Не можам да дадам оценка за книгава, нити пак концизно да искажам мислење. Ерор ми се појавува кога пробувам да ги сумирам импресиите и од Малата и од Големата книга. Особено Малата ми дојде ептен морбидна. Можам да кажам дека сепак Вештица ми останува број 1.
11 reviews
August 31, 2014
"Многу години подоцна, сфаќаш дека животот е, всушност, молчење за небесните вистини. А тоа значи - зборување за земените, кои се, сепак, убави. И дека на животот треба да се гледа, сепак, со очи на човек, а не на ангел."

Profile Image for Марија Андреева.
Author 1 book101 followers
December 5, 2021
Во принцип многу ги сакам дела на Венко, како и неговиот стил на пишување, но никако не можев да се поврзам со оваа книга. Делови ми се бендисуваа, токму заради неговиот стил на пишување, ама некои делови едвај ги поминав. Мислам дека сосема е нормално до некој степен некое дело од омилен автор да не ти се допаѓа сосема, а од творештвото на Венко, за мене мислам дека ова е тоа дело.
Profile Image for Radmila Gjorgjevska.
2 reviews2 followers
July 5, 2021
Некако ми беше веќе видено, после читање на Вештица и Папокот на светот.
Малата книга едвај ја пројдов искрено.

Давам 4 ѕвезди најверојатно пристрасно бидејќи се работи за Венко, можеби некој кој ќе ја чита прво оваа книга, пред горенаведените, ќе ужива повеќе во неа…
Profile Image for Branko Nikovski.
103 reviews48 followers
December 24, 2017
''Ќерката на математичарот'' те води низ ирационален вортекс од архаично-метафизички идеи за математиката и универзумот, невиноста и злобата, вистината и мистиката ; интерпретирана преку ликови во потрага по разрешување на мистерија што разорува романтични настани од минатото, нивно псеудо-побивање, нивно враќање во реалноста , и нивно повторно оживување во блиската иднина [женската невиност претставена како пекулиарен неуништлив доказ во исчекување на вистинската љубов].
Начинот на кој ликовите ја истражуваат мистеријата содржи концепти на авантуристички трилер , иако раскажувањето на приказната преминува од лик на лик.
Претставувањето на некои броеви [од страна на самиот математичар и неговиот непријател] навлегува во онтологијата на абстрактното , патувајќи преку теоријата на Форми и Идеи на Платон , до Фибоначи , до Питагора , па се' до самата оптика на набљудување на Исусото распнување и формата на крстот. Целата таа идеологија на малиот крст [оптиката на набљудување на Исусовиот крст] , Исусовите години е претставена како еден вид алхемија што не нуди одговори и решенија туку само замрсување на животите и ирационална потрага кон апсолутното.
На крајот, љубовта секогаш победува , и тоа преку повторното раѓање на женската невиност .
Profile Image for Iva Kitanovska.
3 reviews69 followers
July 1, 2014
Можно е моите импресии да одат дефакто позитивни зошто се работи за Андоновски - ваков став имав додека читав, со збунетост и голем апетит. Авторот останува верен на стилот, додека се обидува да биде оригинален и различен од последната, „Вештица“ - со палета од наратори на кои им го препушта текот на приказната (додека тој е во улога на уредник) и прави да се прашувате дали сте згрешиле додека сте ја читале првин малата или големата книга. Ролеркостер на емоции, ете тоа ме снајде веднаш со првите редови:

Посветено на сите оние кои решија на 16 октомври да си одат порано од овој свет. Од дома - дома. Во оваа книга се наоѓа заклучена портата низ која заминале и низ која може да се вратат во секое време, само ако им отклучиме.

...се' на се', само ќе Ви кажам дека ми се случи да треперам, да плачам и да се сеќавам на едни минати времиња додека раните полека ми се отвораа, да се идентификувам со модринката на малото прсте и изборот на бордо лак за да не се познава истата, додека сеуште се прашував дали теоријата за животот и смртта некогаш ќе добие поинаква дефиниција во моите очи...
Profile Image for Albena Georgieva.
65 reviews
Read
September 7, 2014
"На другите страници има само иште два цртежа, кои ти не ги разбираш, а кој очигледно се однесуваат на просторот и волуменот што еден чадор го зафаќа од космосот. Има и некакви предмети тика што не ги разбираш, но сигурно ќе го прашаш татко ти, при првата можност, затоа што и тој бара резервен простор во просторот, спас од здодевноста и предвидливоста на светот, космички џеб во кој ќе се нурне за да пронајде одново мама. " многу интересен стил има Венко Андоновски. Во неговите книги нема граници меѓу сонот и јавето, ниту пак меѓу минатото и иднината...продолжувам со читање
4 reviews
June 17, 2015
НЕВЕРОЈАТНА книга. Ми се допаѓа идејата како малата и големата книга меѓусебно се надополнуваат, иако мене лично повеќе ми се допадна малата. Навистина емотивна приказна, а и феноменално напишана. Иако, кога се работи за книгите на Андоновски, времето поминато во читање никогаш не е залудно потрошено :)
Profile Image for Магдалена.
87 reviews
January 29, 2015
Ремек-дело!
Венко Андоновски не престанува да ме изненадува и воодушевува.
Кохерентност на приказните, проткаени со фантастична доза на уметност. Зборовите летаат сами уште пред да ги прочиташ.
Прекрасна приказна, на моменти и тажна, жал ми е што морав да ја завршам.
Displaying 1 - 10 of 10 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.