Jump to ratings and reviews
Rate this book

Тајната на монахот

Rate this book
Една девојка доживува трагедија…
Матурската вечер завршува кобно за една млада девојка, која не знае ни како, ни зошто, ниту од кого е силувана. Последното нешто на кое се сеќава е дека професорот ја враќа дома, но нема никакво сеќавање од настаните кои следуваат откако излегува од неговото возило. Иако се обидува да се носи и да живее со таа траума, сфаќа дека не е доволно силна и посегнува по својот живот.

Еден професор е осомничен и добива тешка казна…
Професорот има голема грижа на совест и носи тежок грев, па ја прифаќа казната. Но за што поточно е виновен?

Еден монах решава да оди против себе и да открие голема тајна…
Речиси секој од ликовите крие нешто, заплеткувајќи ја приказната, а само еден од нив собира храброст да ја открие својата тајна и да фрли барем малку светлина на трагичните настани.

344 pages, Paperback

Published January 1, 2024

1 person is currently reading
9 people want to read

About the author

Далибор Трајков

3 books8 followers

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
29 (70%)
4 stars
5 (12%)
3 stars
5 (12%)
2 stars
2 (4%)
1 star
0 (0%)
Displaying 1 - 8 of 8 reviews
Profile Image for Anchi.
411 reviews93 followers
May 12, 2024
Лесно се чита и е прилично интересна. Би рекла најголема маана кај книгава е што е предолга како последица на тоа што некои работи се вртат во круг, па станува монотоно едно те исто да читаш. Има доста описи и дијалози кои се, според мене, непотребни. Авторот, инаку, сметам дека има солиден стил на пишување.

Нешто што не ми се допадна воопшто е тоа што жена која носи летно фустанче со деколте е наречена ,,евтина девојка”. Сосема беспотребно и бесмислено. И уште нешто што го имам заприметено општи кај македонските автори е што често креираат извештачени дијалози. Разговорот меѓу ликовите треба да тече што е можно поприродно за да ни ги доближи ликовите и да ни ги направи пореални. Јас немам сретнато 20 годишници кои зборат толку стегнато и формално ко што зборат ликовите во книги од наши автори.

Сѐ на сѐ, книгата е сосема океј и би ми била уште попримамлива да беше поизразен мистериозниот елемент. А на авторот посекако му давам следна шанса.
This entire review has been hidden because of spoilers.
Profile Image for Bube Ale.
160 reviews13 followers
April 24, 2024
Уште една убава приказна по препознатливиот стил на Далибор Трајков, нè воведува лесно во приказната, ликовите убаво ги слика, ја ткае и приказната за монахот од Лесново, како и за животот во мирно градче како Пробиштип каде еден несреќен настан ја ремети хармонијата на семејниот живот на повеќе лица... Затворската казна е отслужена, како ќе биде животот после тоа... Дали правдата и вистината ќе донесат мир во душите на ликовите на романот?
Profile Image for Вики.
84 reviews
September 22, 2024
И оваа книга на Далибор ме остави без зборови! Нема да откријам што ќе се случи, ама барем мене не ми се оставаше книгата од рака.

Реченицата на насловната страница некако ми е баш најпогодна за целата приказна. Понекогаш најтешките казни си ги одредуваме самите... дали професорот Атанас е виновникот за силувањето на младата матурантка Искра и за тоа што таа си го одзеде сопствениот живот?

Атанас добива казна од 10 години затвор и си ја отслужува казната без да се противи, а и како да се противи, кога целиот град Пробиштип е против него, иако го сметаат за еден од најдобрите професори, сега сите веруваат дека тој е виновникот, но дали, навистина е така?

Правдата многу тешко дека сама ќе дојде ако некој не се бори за неа. Атанас одлучил дека нема потреба да се бори заради една негова грешка таа кобна вечер. Неговиот син Евгениј и девојка му, Лидија се тие што почнуваат да трагаат по вистината за тоа што се случило таа вечер.

Секој од ликовите има свој удел во тоа што се случило, но кој ќе испадне најхрабриот од сите нив и ќе открие што навистина се случило? Ако не сте ја прочитале книгава, топло ви препорачувам да ја прочитате, ќе уживате во секоја страница!
Profile Image for Nadezhda.
33 reviews1 follower
June 12, 2025
Како и претходните две, така и оваа книга од нашиот Далибор Трајков ме воодушеви.
Десет години пред дејствието во книгата, една матурантка од Пробиштип е силувана после матурската вечер, а за силувањето е обвинет нејзиниот класен раководител. Последно е видена како заминува со него и следното утро се буди без сеќавање.
Во меѓувреме професорот е уапсен и сите докази се против него. Тој никогаш не ја признал вината, но никој не му верува. Работите се уште потешки после самоубиството на девојката, па професорот е осуден на десет години затвор.
Од друга страна имаме еден монах на кој девојката му се исповедала пред нејзиното самоубиство, и тој сега чува голема тајна.
После десет години, во сегашноста, дознаваме дека професорот е пуштен од затвор по отслужување на казната, и тој сака да воспостави контакт со неговиот син, кој исто како и цел Пробиштип и цела држава мисли дека татко му е сторителот на грозоморното дело.
Но, што ќе се случи кога ќе се појават сомнежи во врска со тоа што навистина се случило таа вечер. Дали професорот навистина е невин?
Тоа останува да прочитате и да откриете.
Книгата ми се допадна, ја препорачувам.
Profile Image for Наташа Алексовска.
358 reviews10 followers
Read
January 13, 2025
Се прашувам зошто многупати невини луѓе завршат во затвор? Како може со ладна глава да спијат виновници? Зарем не се свесни дека некогаш казна ќе ги стигне и ќе им го наплати данок? Како што е случајот со Искра. Имено, по враќање од матурска забава Искра е силувана. Подоцна таа ќе си го одзеде и својот живот. Но, кој е виновник за нејзино грабнување и силување? Дали Лидија преку нејзино истражување со луѓе ќе успее да дојде до конечниот резултат за откривање на виновник?
2 reviews
May 18, 2025
Интересен и до крај непредвидлив роман кој не се остава се додека не се прочита.Топла препорака за сите книги од овој автор.
Displaying 1 - 8 of 8 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.