„Понекогаш доаѓа среќa е роман-загатка. Навидум е љубовен роман, а е многу повеќе од тоа. Низ двете паралелни приказни проговорува за длабоките чувства, оние што се кријат и таат дури и од себеси. И насловот е загатка. Што е среќа? Дали таа доаѓа од некаде или самите ја креираме. Се разбира, јас сум поборник за втората идеја. Среќата е само преслик на нашиот внатрешен свет. Тоа што е внатре го умножуваме во реалноста. Или, уште поедноставно: самите ја креираме, па ако сакате и дозираме, сопствената среќа. Има луѓе што се среќни, а веруваат дека не се, има и такви што во нашите очи се несреќни, кои ги обиколила среќата, ама тие го чувствуваат токму спротивното, има... нѐ има секакви“, вели Винка Саздова.
Интересен стил, начин на пишување. Како психолошки, романот на почеток многу ме заинтересира. Но, како се задлабочував во испишаните страници, така, впечатокот дека доста работи се повторуваат, се засилуваше и ова, за мене, книгата на моменти ја правеше доста здодевна. Ми недостигаше некој пресврт, некоја перипетија... она што се случува во последните 10 страници, но според мене, воопшто не соодветствува на претходно напишаното (и прочитано), веќе е "видено", лично не ми е интересно и, верувајќи дека романот води кон посолиден крај, не го очекував. На овој начин останав со чувство на избрзан крај и залудно изгубено време во читање на половина од овој роман.
Интересен и повеќе психолошки роман, раскажан доминантно преку ликот на Гора, и нејзините Гешталт психотераписки сеанси. Тоа што умешно е постигнато е да се долови комплексноста на ликовите и нивните мисли, размисли и длабоки емоционални состојби на еден навидум секојдневен живот.
Ова е роман за испреплетените емоции, за вторите шанси, за убавината на самотијата и утехата во другиот, за исцелувањето и среќата која понекогаш доаѓа во тие моменти.
Роман кој се чита брзо, благодарејќи на умешниот слеан стил на писателката. Истовремено, за мене ова е и роман со преголем фокус, ритам, во истото дејание на главните ликови поради што имав чувство дека тоа што го читам се повторува од половина на романот па се до неговиот крај. Поради тоа би можела да кажам дека со сегашниот наратив романот би можел да има и максимум 200 страни.
Крајот го почувствував ненадеен, брзоплет и не во склад со самиот наратив, поради отсуството на некаква јасна перипетија.
Прекрасна книга која ќе ве натера малку поинаку да размислувате и да се запрашате каде одите со животот. Книга која ќе ви даде иста но различна перспектива на љубовта и среќата. Ќе ви даде надеж.. Има поразличен стил од повеќето книги, но токму тоа ја прави лесна, забавна и интересна за читање. Оваа книга е една од оние кои се читаат во еден здив. Дефинитивно од книга до книга, Винка само го докажува и покажува изобилството од талент кој го поседува. Ова е психолошка книга која верувам дека ќе им биде дупло позабавна на сите кои се интересираат за, и имаат познавање од, психологијата. Баш ми е драго што добивме вакво дело од автор, психолог како што е Винка. Се надевам наскоро ќе не усреќи со нова книга, која секако без размислување би ја земала.
Iskreno ne bev mnogu voodusevena od prvata kniga na Vinka Sazdova i ovaa pocnav da ja citam so rezerva no mozam da kazam deka mi se dopadna mnogu poveke od "Posledniot caj "