Игор Анѓелков (1974, Скопје), дипломирал на “Интердисциплинарните студии по новинарство”, а магистрирал на мастер студиите по “Медиуми и комуникации” на Правниот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Дебитантската книга, збирката раскази “Кротки приказни” (2006) е негова прва официјална книжевна објава. Подоцна авторот влегува и во романсиерските води и го објавува својот прв роман, “Крај-пат” (2010), кој наиде на одличен прием кај читателите. “Фото синтеза” (2013) е неговиот втор роман, и според многумина, и неговиот најзрел прозен текст досега.
Во 2015 година Анѓелков ја издава и книгата од областа на филмската теорија “Филм.мкд”, за која ја доби државната награда за публицистика “Мито Хаџи-Василев Јасмин”.
Урбана сказка во која протагонистот се пронаоѓа себе си во култните ќошиња на градскиот живот. На моменти патувајќи во одредени веќе заборавени мемлосани времиња кога панкот бил една од култните движења во 80тите, во синтеза на нашето секојдневие. Сликовен опис на немирниот дух на главниот лик, во еден момент пронаоѓајќи се во љубовта, во друг губејќи се во безндежието. Но дали баш секогаш треба да се остане со дефетистички став дури и кога работите излегуваат вон оние маргини кои самите ние сме си ги поставиле? Дали воопшто треба да ги поставуваме тие маргини или малку послободно да пристапиме на животот кој колку и да е бескрупулозен, ни нуди многу повеќе одошто мислиме. Симпатично четиво кое ќе ве оттргне од сивото секојдневие и ќе почнете да ги фотографирате моментите од поинаков агол.