What do you think?
Rate this book


176 pages, Paperback
First published January 1, 2013
Конечно, дојде ред да ја прочитам првата од серијалот фамозни книги на Коста Петров. Не сум љубител на ваква литература од типот на „рецепти за животот“ скоро во стилот на рецептите за готвење. Од пред самиот почеток, немав големи очекувања и тоа се оправда за некои работи.
Паралелно со читањето, си правев список со главните пораки на Google Keep, во спротивно мислев ќе нема ама баш никаков ефект.
Генерално гледано, од стилски аспект книгата е просечна кон прилично едноставна и скромна, меѓутоа тоа е разбирливо, со оглед на тоа дека авторот не е (беше) писател. Но таа едноставност на моменти ме збунуваше, бидејќи зборовите брзо го менуваа своето значење.
Структурата на објаснување ми беше конфузна, немаше доволна градација или постепен премин во нарацијата до самата поента или поука која авторот ја нагласуваше. Целиот концепт на: дефинирање, па негирање, па повторно редефинирање на поимите и поуките беше напорно и исцрпувачки да се следи. Расфрлано изгледаше во рамките на самите поглавја.
Позитивно кај книгата е што имаш на еден куп буквално сѐ што ти треба за сопствена мотивација и директно укажување на влијанието на егото врз целото наше постоење. Објаснетото е прилично очигледно, но некогаш забораваме дека подобрувањето на нас како личности треба да се одвива во сите можни правци од нашите животи, а не да биде само епизодно.
Сум во дилема дали да ги купам втората и третата книга: дали да го завршам циклусот книги до крај (од чиста љубопитност) или да ѝ го посветам времето на некоја покреативна книга.