Ташко Георгиевски (15 март 1935 - 13 април 2012) бил македонски раскажувач, романсиер и филмски сценарист, по потекло од Егејска Македонија. Бил член на МАНУ од 1983 година. Георгиевски е роден на 15 март 1935 во с. Кронцелево, Воденско. Студирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел во редакцијата на весникот „Млад борец“ и во списанието „Современост“. Бил уредник во Македонската телевизија и во издавачките куќи „Мисла“ и „Македонска книга“. Ги има добиено наградите: „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Стале Попов“, „Рациново признание“. Почина на 13 април 2012 во Скопје, на возраст од 77 години.