What do you think?
Rate this book


250 pages
First published January 1, 2005
Во оваа автобиографска книга Игор Џамбазов целосно “го разголува” својот проблематичен живот и објаснува низ какви се проблеми поминал низ животот поради страста кон коцкањето. Раскажува за тоа како започнал да се коцка, на почетокот на автомати, а после со тек на времето со отварањето на казина во Македонија сериозно да почне да се коцка, па како почнал да се задолжува кај многу лихвари се со цел да игра се повеќе. Еднаш дури го искоцкал џипот на својата сопруга Искра Џамбазова. Пишува за тоа како од прекрасен живот со добра заработувачка и многу пари да се сведе на ниво освен еден куфер да нема ништо друго. Исто така објаснува како почнуваат да го гонат поради неговите долгови кои што ги има, кои постојано растат поради каматата, како неколку пати го претепуваат и се соочува со смртта. Објаснува дека неколку месеци се нема појавено во Скопје, а за сето тоа време се крие кај свои пријатели низ цела Македонија и за него низ весниците излегуваат разни неточни приказни. При крајот на целото ова патешествие дава интервју во еден македонски весник за да им каже дека сето тоа што се пишува за него не е вистина и дека е жив и притоа бара помош доколку некој сака да му помогне. На ова се јавува некој човек кој му помага да се оддолжи на сите оние на кои што им должи пари и да продолжи со неговиот живот.
Интересна книга, која вреди да се прочита за да се види до кое ниво може да стигне човек доколку подлегне на пороци како коцкањето и доколку зема пари под камата за нерационални цели.
Сѐ е измислено, пријателе мој. Сите можни херои се убиени, сите среќни љубови се забранети, сите песни се испеани, сите дијалози се напишани. Сѐ е кажано. Остана само уште една работа. Вистината. Голата вистина. Онаа на која немаш ни замерки, ни прашања, ни одговори.