Александар Русјаков е роден 1977 година во Велес. Досега ги објавил збирката раскази „Ме сакаш ли под дождот“ (ИЛИ-ИЛИ, 2010), романите „Тринаесеттиот месец“ (ИЛИ-ИЛИ, 2012) и „Атена со пенис“ (ИЛИ-ИЛИ, 2014).
Одлично ми легнаа расказите на Русјаков и неговиот стил на пишување кој нетенденциозно менува жанрови и со ненаметлив, едноставен стил на раскажување знае да потенцира и најважно, да не шири одоколу, да не се губи во описи, туку да му тече мислата и приказната и притоа да не почувствуваш дека времето тече.
Како што растеа ликовите, така растеше и неговиот стил. Како што одминуваа расказите , такa се повеќе допираше до мене. На последниот се фатив со згрчена мускулатура ...а оние тинејџерски и наивни ноти на почетокот стежнале како олово ... кога сме кај паднатата природа на човекот ... е тежи ..... тежииии!